Достапни линкови

Ерусалим: Неделава би можело да продолжат израелско-палестинските мировни преговори


Изреал и палестинците неделава би можеле да ги продолжат мировните преговори, кои беа змрзнати по последните меѓусебни насилства во кои загинаа над 120 луѓе. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изрази готовност за запирање на офанзивата, а палестинскиот лидер Махмуд Абас изјави дека нема да се врати на преговорите се додека Израел не прогласи примирје во Газа.
XS
SM
MD
LG