Достапни линкови

Лондон: Хуманитарната ситуација во Газа најлоша досега стои во извештајот од британски организации


Група од 8 британски организации за човекови права денеска објави извештај во кој се вели дека хуманитарната ситуација во Појасот Газа е најлоша досега. Наведено е дека над 1 милион луѓе, што е 80 насто од популацијата во Газа, зависат од помош во храна, невработеноста е околу 70 насто, болниците немаат струја по 12 часа, водоснабдувањето е пред колапс. Израел го отфрли извештајот, оценувајки дека за таквата ситуација е виновен Хамас, кој ја има контролата врз Појасот Газа.
XS
SM
MD
LG