Достапни линкови

logo-print

Двете страни остануваат на истите ставови


Во македонскиот државен врв продолжува молкот и по вчерашната средба со медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц. Накусо само се објаснува дека Македонија останува учесник во процесот за изнаоѓање на решение за спорот со името. По средбите во Скопје, медијаторот Нимиц во Солун се сретна со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис кого го информирал за претходно водените разговори со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Анотнио Милошоски и преговарачот Никола Димитров. Во рамки на средбата со Василакис, медијаторот Нимиц исто како и во Скопје, повтори дека разликите по неговиот последен предлог даден минатиот месец во Атина остануваат, при тоа најавувајќи дека двете страни имаат интерес за продолжување на разговорите. Тој не донесе нов предлог за името. По двочасовната средба со македонскиот државен врв посредникот во спорот со името од Скопје изјави:


„Има разлики во двете позиции. Тоа се две видувања што е најдобро да се реши проблемот. Двете земји имаат различно видување на историјата и односите, но двете земји сакаат да го затворат прашањето. Кога одам во Скопје или Атина, имам чувство дека луѓето велат, ова е прашањето што сакаме да го оставиме зад нас, но имам чувство дека позициите се различни.“

Рече медијаторот Метју Нимиц. Можни ли се промени во ставот на Грција по информациите кои доагаат од официјална Атина. Имено заменик портпаролот на грчката влада Евангелос Антонарас изјавил дека самитот на НАТО не е крајниот рок до кога треба да се реши спорот за името меѓу двете страни. Претходно и грчкиот министер за поморска трговија Јоргос Вулгаракис истакнал како што пренесоа агенциите, дека е против ветото за влезот на Македонија во НАТО. И покрај овие изјави кои се коментираат како промени во грчкиот став, поради силниот притисок врз тамошната влада, грчкиот премиер Костас Караманлис повтори дека и покрај конструктивноста на Грција ,,другата страна не покажува подготвеност за пронаоѓање на взаемно прифатливо решение,,. Во таква ситуација Грција не може да се согласи да и упати повик на таа земја во НАТО, порача од Атина грчкиот премиер.
XS
SM
MD
LG