Достапни линкови

Скопје: Денеска во посета на Скопје еврокомесарот Оли Рен


Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска во Скопје на средби со државниот врв на кој ке му ги престави приоритетните задачи кои Македонија треба да ги исполни за да добие датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Според стратегијата на Бриесл за земјите од западен Балкан Македонија треба целосно да ја исполни Спогодбата за стабилизација и асоцијација, апокрај тоа се бара и дијалог меѓу политичките партии, имплементацијата на Законот за полиција, борба против корупцијата, реформата на судскиот систем и на јавната администрација, преземање мерки против невработеноста и подобрување на бизнис-климата. Европската комисија вчера го одобри и пакетот финансиска помош во висина од 800 милиони евра за земјите од Западен Балкан.
XS
SM
MD
LG