Достапни линкови

logo-print

Победа на Џон Мек Кејн кај републиканците, а кај демократите продолжува неизвесноста


На вчерашните партиски номинации, Републиканците го добија својот претседателски кандидат Сенаторот Џон МекКејн, кој освои повеке од потребните делегатски гласови. Кај Демократите, неизвесноста продолжува по синоќешната победа на Сенаторката Хилари Клинтон во Тексас, Охајо и Роуд Ајленд.

Со победата во овие три држави, Сенаторката Хилари Клинтон на изборите за номинација на демократскиот претседателски кандидат се врати во игра и ја прекина серијата непрекинати победи од еден месец на нејзиниот ривал Барак Обама.

„За сите тука во Охајо и ширум Америка кои одбија да бидат исфрлени и кои не подржаа и кои работеа силно – ова победа е за вас. “

изјави Хилари Клинтон. Овие победи ,според аналичарите, и беа неопходни за да се надокнади големата предност на Барак Обаме и да се обиде да го стигне до летоска кога ке биде одржана конвенцијата на Демократската партија. Нејзиниот против кандидат Сенаторот Барак Обама пак синоќа од 4 те држави победи само во Вермонт. Тој во обраќањето во Тексас изјави.

„Без разлика што се случува оваа вечер, ние ја имаме речиси истата предност во делегати и сме на добар пат да ја добиеме номинацијата.“

Сепак ни еден од двајцата демократски соперници досега не освои 2.025 гласови од делегатите потребни да се добие партиската номинација за претседателски кандидат. Од друга страна во противничкит табор, во Републиканската партија се е веќе јасно. Републиканецот 71 годишниот Џон МекКејн убеливо ноќеска победи во сите 4 држави и освои повеќе од потребните делегатски гласови за да биде претседателски кандидат на изборите во Ноември годинава. Тој од трка го истисна својот последен противник бившиот Гувернер на Арканзас Мајк Хакаби.

„Вечерва, ние добивме доволно делегати за со доверба и големо чувство на одговорност да речам дека Јас ке бидат републикански кандидат за Претседател на Соединетите Држави.“

МекКејн, како што јавија новинските агенции, е повикан во Белата Куќа кај Претседателот Џорџ Буш каде ке му биде изразена подршка за партиската номинација.
XS
SM
MD
LG