Достапни линкови

logo-print

Брисел: ЕУ со предлози за да ја зачува стабилноста на Балканот


Европската унија денеска ќе објави предлози во обид да ја сочува поддршката на Балканот и да обезбеди стабилност на регионот. Во документ на Европската комисија се анализира прогресот во чекорите на шесте држави од Западен Балкан и Косово и се истакнува оти нивната иднина е во Унијата, а Србија ќе биде повикана да ја реафирмира својата посветеност кон таа цел. Во нацрт верзијата на документот, што ја објавија дел од западните медиуми се препорачуваат чекор-по-чекор планови за секоја држава за евентуално укинување на визите за ЕУ, двојно зголемување на бројот на стипендиите и подобра координација на помошта за модернизација. Македонија се уште треба да покаже дека е подготвена за старт на преговорите за асоцијација, но потребниот напредок е можен оваа година ако покаже доволно политичка волја, се вели во документот на ЕУ.
XS
SM
MD
LG