Достапни линкови

Приштина: Не може да делуваат паралелни српски структури, изјави Јоаким Рикер


На Косово нема да може да делуваат паралелни структури на српските власти, изјавија синоќа шефот на УНМИК Јоаким Рикер и командантот на КФОР Гзавие де Марнак. По редовниот неделен состанок посветен на безбедносната ситуација на Косово, на кој учествувал и премиерот Хашим Тачи, Рикер и де Марнак соопштија дека мандатот на меѓународното цивилно и воено присуство ќе се оствари на целата територија на Косово.
XS
SM
MD
LG