Достапни линкови

Се врши притисок врз двете страни да најдат решение пред состанокот на НАТО во четврток


Македонскиот државен врв потврди дека во посета на Скопје пристигнува медијаторот Метју Нимиц. Од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски велат дека средбата ке се одржи во кабинетот на шефот на државата, а на неа ке присуствуваат и другите политички субјекти. Од владата пак не потврдуваат дека средбата ке се одржи во вообичаениот состав, претседателот Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и македонскиот преговарач Никола Димитров. Оттаму велат засега се потврдува само неговата посета. Грчките медиуми јавувајки за посетата на Нимиц одат и понатаму и говорат дека се врши притисок од НАТО и Соединетите држави врз Грција да не ја блокира поканата за Македонија во НАТО. Во мегувреме активности и континуирани јавни настапи на грчките официјални претставници, што не е случај и во земјава. Веке подолго време во Македонија молк, а тоа е особено изразено во последно време или во периодот пред средбата во Њујорк и по неа, во овие како што коментираат дипломатите, клучни денови за земјава, кога претстои и долгонајавуваат состанок на НАТО за во четврток кога се очекува и одлуката за проширувањето што според најавите треба да се случи во април на самитот во Букурешт. Зошто е тоа така во Македонија не сака да го коментира никој од претставниците на државниот врв. Тие не даваат одговор зошто не се обракаат во јавноста со пораки или објаснувања. Аналитичарите со забелешки за нивното однесување и свое видување за ситуацијата во која информациите првично се добиваат од грчка страна

„Македонското раководство треба да му се обраќа на народот и треба да предупредуваат токму на ова на што вие предупредувате, дека ние всушност како јавност сме бомбардирани доминантно од грчки извори или од извори на грчката политика, а во исто време нивните политичари се разбира се влезени во интензивен период да завршат некоја работа.“


Изјави аналитичарот Гунер Исмаил од Форум центарот за стратегиски истражувања. Дел од аналитичарите гледаат погрешни чекори кај раководството во земјава и во делот што нема речиси никакви консултации со експертите, што не е случај како што велат и во Грција, каде детално се анализираат работите од сите надлежни. Тие, додаваат молкот во Македонија постои веке подолго време што веке станува одлика за однесувањето на раководството.
Македонската интеграција во Европската унија пак ке биде тема на посетата на еврокомесарот за проширување Оли Рен на Скопје во четврток и петок . Европската комисија според најавите утре ке предложи конкретни мерки за унапредување на европските интеграции на земјите од Западен балкан, притоа не се наведува за какви мерки станува збор.
XS
SM
MD
LG