Достапни линкови

logo-print

Девизните резерви можат да се искористат за ублажување на ценовниот шок и инфлација велат експертите


Поголемиот прилив на девизни резерви во државната каса се позитивен знак за стабилноста на девизниот курс и на македонската економија, оценуваат економските експерти, по најновите податоци на Народна банка дека бруто-девизните резерви изнесуваат повеќе од една милијарда и петстотини милиони евра. За тоа какви ефекти предизвикува вишокот на девизни резерви, проф. Абдулменаф Беџети од Штуловиот Универзитет вели:

„Секој еден инвеститор во Македонија од тој апспект е во позитивна состојба, за да може да добие кредибилитет земјата.“

И проф. Душан Вељкович се согласува дека ова е досега најголемото ниво на девизни резерви во државата. Токму тие резерви се користат за покривање на надворешно-трговскиот дефицит, но проблемот се јавува кога дефицитот е поголем од висината на резервите, посочува Вељкович:

„Дефицитот во надворешно трговската раземна за жал во 2007 година изнесува околу две милијарди долари што е апсолутен рекорд, исто така како и резервите.“

Од Министерството за финансии велат дека девизните резерви ќе бидат користени за одржување на вредноста на денарот:

,,Ако е просечната 65 денари за едно евро, така ќе биде и на 31. 12 итн. Значи тие девизни резерви пред се ќе се користат за одржување на стабилноста.“

изјави Мартин Мартиновски, портпарол на министерството за финансии. Еден од начините да се искористат девизните резерви е и во случај на инфлација. Експертите предупредуваат дека тогаш државата може да интервенира за да ја одржи стабилноста на девизниот курс, иако според некои од нив тоа не е економски препорачливо.

„Паралелно со оваа позитивна оценка на нивото на девизни резерви во Македонија, треба да се има предвид дека имаме една мошне негативна појава на значителен пораст на цените на мало, односно инфлација која се доближува до 9% само за еден месец.“

„ Може да интервенира само на краток рок и покрај тоа што економски тоа не е препорачливо затоа што тогаш ќе испадне дека вештачки го држиме курсот.“


изјавија Вељкович и Беџети.
Висината на девизните резерви се определува според посебни критериуми на Светската банка. Според нив за државата да има оптимален кредибилитет треба да има онолку девизни резерви колку што се потребни за финансирање на тромесечниот увоз на потреби.
XS
SM
MD
LG