Достапни линкови

Додека македонските политичари молчат, информациите за преговорите главно се од грчка страна


Додека дипломатски извори најавуваат посета на посредникот во спорот со името Метју Нимиц на Македонија, државниот врв само неофицијално ја потврдува, без да информира подетално. За посетата на Нимиц во денешните изданија јавуваат и грчките медиуми. Тие одат и понатаму и говорат дека се врши притисок од НАТО и Соединетите држави врз Грција да не ја блокира поканата за Македонија во НАТО. Во мегувреме активности и континуирани јавни настапи на грчките официјални претставници, што не е случај и во земјава. Веке подолго време во Македонија молк, а тоа е особено изразено во последно време или во периодот пред средбата во Њујорк и по неа, во овие како што коментираат дипломатите, клучни денови за земјава, кога претстои и долгонајавуваат состанок на НАТО за во четврток кога се очекува и одлуката за проширувањето што според најавите треба да се случи во април на самитот во Букурешт. Зошто е тоа така во Македонија не сака да го коментира никој од претставниците на државниот врв. Тие не даваат одговор зошто не се обракаат во јавноста со пораки или објаснувања. Аналитичарите со забелешки за нивното однесување и свое видување за ситуацијата во која информациите првично се добиваат од грчка страна:

„Македонското раководство треба да му се обраќа на народот и треба да предупредуваат токму на ова на што вие предупредувате, дека ние всушност како јавност сме бомбардирани доминантно од грчки извори или од извори на грчката политика, а во исто време нивните политичари се разбира се влезени во интензивен период да завршат некоја работа.“

Изјави аналитичарот Гунер Исмаил од Форум центарот за стратегиски истражувања. Дел од аналитичарите гледаат погрешни чекори кај раководството во земјава и во делот што нема речиси никакви консултации со експертите, што не е случај како што велат и во Грција, каде детално се анлизираат работите од сите надлежни. Тие, додаваат молкот во Македонија постои веке подолго време што веке станува одлика за однесувањето на раководството.
XS
SM
MD
LG