Достапни линкови

logo-print

Приштина: Косовскиот претседател ги повика србите да се вратат во нормалниот живот


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ги повика косовските Срби да се вратат во нормалниот живот, а официјален Белград го обвини дека ги поттикнува на тензии и бојкот на новата држава. Сејдиу оцени дека Србија на тој начин сепак нема да успее да го оневозможи меѓународното признавање на независноста на Косово. Тој изрази уверување дека дел од диригираните тензии ќе спласнат и порача дека Косово не може да биде ничиј заложник.
XS
SM
MD
LG