Достапни линкови

logo-print

Скопје: Македонија и Норвешка потпишаа Меморандум за разбирање во областа на одбраната


Министрите за одбрана на Македонија и на Норвешка Лазар Еленовски и Ане Грете Стром Ериксен денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање во областа на одбраната. Министерот Еленовски по средбата изјави дека Македонија се надева на покана за членство во НАТО на Самитот во Букурешт. Министерката Ериксен во врска со најавите на Грција за вето за македонското членство во НАТО изјави дека спорот со името меѓу Македонија и Грција е билатерално прашање кое треба да се решава во рамките на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG