Достапни линкови

Ереван: Воени сили и тенкови низ улиците во Ереван поради вонредната состојба во земјата


Воени сили и тенкови патролираат низ улиците на главниот град на Ерменија, Ереван, спроведувајки ја вонредната состојба во земјата, по судирите меѓу опозицијата и владините сили во кои 8 луѓе загинаа. Воениот врв предупреди дека секој обид за нови протести, ќе биде спречен. Опозицијата, на чело со Левон Тер Петросјан ги обвинува властите за местење на претседателските избори, што с еодржаа на 19-ти февруари, на кои победи досегашниот премиер Серж Саркисјан. Меѓународната заедница ги повика и власта и опозицијата во Ерменија на воздржаност.
XS
SM
MD
LG