Достапни линкови

Во Скопје не се очекуваат промени по денешната посета на Јаап Де Хоп Схефер на Атина


По последната средба во Њујорк мегу македонскиот и грчкиот преговарач Никола Димитров и Адамантиос Василакис која заврши без никаков договор или како што се очекуваше пакет кој ке нуди можност за решавање на спорот, од македонскиот државен врв проценуваат дека од денеска до четврток на НАТО состанокот за кога и се најавуваше одлуката за поканите, се клучни денови. Дека засега нема нов план од мегународната заедница и дека се гради деновите, сметаат и дипломатите. Од тоа што ке се случува во овој период, односно од проценките и војлата на центрите на мегународната заедница пред се Вашингтон ке зависи дали Македонија ке добие покана или Грција нема да биде спречена да го блокира интегрирањето на земјава.
Денеска во Атина токму за проширувањето на Алијансата со земјите од јадранската група, Македонија, Албанија и Хрвтаска генералниот секретар на организацијата Јаап де хоп схефер разговара со грчките официјални претставници. Сепак во земјава се проценува дека во моментов по пропагањето на планот, дека по последниот предлог на медијаторот во спорот со името Метју Нимиц ке произлезе основа за понатамошни разговори, по денешните средби на Схефер, не може да се очекуваат некои посебни промени, бидејки клучна ке биде стртаегијата што Стејт Департментот ке ја гради во овие неколку дена. Во наредниот период велат дипломатски извори Македонија не може многу да направи, за разлика од Грција која ке биде присутна на НАТО состанкот во четвртокот и ке може да ги објасни своите ставови. Она што се очекува по вракањето на македонскиот преговарач, амбасадорот Димитров е тој да го информира државниот врв само подетално. Дипломатски извори проценуваат дека по средбата во Њујорк извесно е само дека Грција нема да отстапи од ветото, а оти таа може да не го стори тоа само со влијание од Вашингтон, Брисел поради нивните евентуални проценки за реперкусии ако Македонија не ја добие поканата. За тоа говореше викендов и Нимиц кој укажа дека во случај да нема покана за земјава ке има консеквенци во билатералните односи и во регионот.
XS
SM
MD
LG