Достапни линкови

Москва: Димитри Медведев победи на претседателските избори во Русија


Руската изборна комисија соопшти дека според првичните резултати на вчера оддржаните претседателски избори најмногу гласови, 69%, освоил Димитри Медведев. Тој најави дека ќе продолжи да соработува со Владимир Путин, како што рече ,,идниот премиер на владата,,. Медведев исто така истакна дека високата излезност на граѓаните на изборите, покажува дека русите не се индиференти за иднината на земјата. Според прелиминарните резултати кои ги соошти руската изборната комисија, комунистичскиот лидер Генадиј Зјуганов освоил 18% од гласовите, кандидатот на Либерално-демократската партија Владимир Жириновски освоил 10 отсто, а за малку познатиот кандидат Андреј Богданов гласале 1,3% од гласачите.
XS
SM
MD
LG