Достапни линкови

Подгорица: Мило Ѓукановиќ повторно премиер на Црна Гора


Црногорскиот парламент синоќа ја избра новата Влада на Црна Гора, на чело со премиерот Мило Ѓукановиќ. За избор на Владата гласаа членките на владејачката коалиција од малцинските партии, додека опозицијата ја напушти седницата пред завршното излагање на Ѓукановиќ. Тој во завршниот говор најави дека најважна цел на новата Влада ќе биде остварување на забрзан и оддржлив развој на Црна Гора, и демантираше дека по претседателските избори неговата Влада ќе ја признае независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG