Достапни линкови

Анкара: Курдските бунтовници не треба да бидат препрека за односите меѓу Турција и Ирак


Турција и Ирак не треба да им дозволат на курдските сепаратистички бунтовници „да ги трујат“ нивните односи, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и го повика Багдад на соработка со бунтовниците од Северен Ирак. Во телевизиското обраќање кон нацијата синоќа Ердоган исто така ги повика курдските сепаратисти да го остават оружјето и изјави дека турската демократија доволно закрепнала за да се справи со курдскиот конфликт. Премиерот го повика курдското малцинство во Турција да побара задоволување на нивните барања по политички пат и повикa на единство.
XS
SM
MD
LG