Достапни линкови

logo-print

Експертите апелираат прашањето да не се користи за сопствена промоција и да се покаже единство


Дневно-политички случувања кои што незначат немање на единство по суштинското прашање за државата во овој момент - спорот со името, вака во владеачката ВМРО ДПМНЕ ги коментираат последните жестоки расправи на релација власт – опозиција при што главна тема беше токму ова прашање, а во која двете страни меѓусебно се обвинуваа за организираните протести кои завршија со нереди пред Грчката Канцелрација за врски и приведени лица.Александар Спасеновски од оваа партија изјавува:

„Сметам дека сите дневно-политички облици само ја отсликуваат сензитивноста на самиот настан, но во ниту еден момент незначат отсуство на политичко единство помеѓу главните политички фактори.“

Во опозиционата СДСМ без коментар за последните случувања за прашањето за името и меѓусебните обвинувања со ВМРО ДПМНЕ, додека во Либерално демократската партија посочуваат:

„Јас се надевам дека во овој период ќе се опаметиме како политички структури и ќе покажеме дека сме доволно зрели како политичка елита во Македонија, да размислуваме во интерес на државата и интересите на граѓаните да ги ставиме пред сопствените политички и партиски интереси.“

Вели Андреј Жерновски од ЛДП.
Политизацијата на ова прашање меѓу главните политички фактори во клучен момент за државата кога секој чекор внимателно се следи во ситуација на исчекување на решение за спорот со името и иднината за НАТО интеграцијата на земјата, не и оди во прилог на македонската страна, е мислењето на експертите. Професор Саво Климовски од Правниот Факултет во Скопје вели дека со ваквото однесување од страна на политичкиот фактор се доведува во прашање ,,искреноста,, околу претходно усогласениот став за името:

„Да се покаже силна поддршка на ставовите на државниот врв, кој што за жал од дадената согласност на политичките консултации во парламентарните клупи како да добива друга обоеност.“

Експертите апелираат на воздржаност и додаваат дека жестоките дебати при што се политизира спорот со името имаат влијание, но сепак не се пресудни за македонската позиција во поглед на преговорите:

„Позицијата ја определуваат и други фактори вмешани во целата оваа ситуација, но такви расправи по ова прашање во овој момент, се контрапродуктивни дека практично говорат за недостаток на елементарна политичка култура.“

Додава професор Климовски.
XS
SM
MD
LG