Достапни линкови

logo-print

Скопје: Министерството за земјоделство ќе огласи распределба на државно земјиште


Министерството за земјоделство денеска ќе го објави вториот оглас за распределба на државно земјоделско земјиште. Станува збор за околу 1600 хектари земјиште кое се наога во Куманово, Крива Паланка Чаир , Гази Баба и во Кисела Вода. Максималната површина за која може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 хектари а времетраењето на закупот е зависно од намената. Право да се јават на огласот имаат домашни физички и правни лица, како и странски правни лица.
XS
SM
MD
LG