Достапни линкови

Њујорк: Денеска нова рунда преговори за спорот со името со Грција


Македонскиот преговарач во спорот со името Никола Димитров и неговиот грчки колега Василакис Адамантиос денеска во Њујорк ке остварат нова средба со медијаторот Метју Нимиц. По неговиот последен предлог македонскиот државен врв и политичките партии постигнаа консензус но околу конкретни ставови и барања нема официјлани информации. Грчките медуими пак соопштија дека Атина ги испратила своите забелешки до Нимиц. На денешната средба се очекува медијаторот да ги престави своите најнови предлози креирани врз забелешките на двете страни.
XS
SM
MD
LG