Достапни линкови

Групации околу премиерот Коштуница играат опасна игра, оценка на воениот аналитичар Александар Радиќ


Представниците на српските политички партии на Косово не учествуваат во работата на Собранието и Владата на Косово поради прогласувањето на независноста. Велат дека нивното учество ќе зависи од условите во кои живеат и работат косовските срби. На таквата одлука од 17 фебруари и се придружија и оние српски партии кои досега беа на став дека само со учество во институциите можат ад се борат за правата на србите на Косово. Славиша Петковиќ, лидер на Српската Демократске партија на Косово вели дека одлуката е донесена пред седницата на Собранието на кое е донесена Декларацијата за независност на Косово.

„Ние сакавме да го изразиме нашиот став на противење на таа одлука, но тоа не ни беше дозволено и со тоа недвосмислено ни е укажано дека сме непожелни во Парламентот. Демократијата значи дека ситре страни треба да си го кажат мислењето. Кога сме непожелни си одиме. Од тогаш ништо не е променето за да се вратиме во Собранието.“

Официјален Белград, како што е познато, одамна не го подржува учеството на србите во косовските институции, поради што повеќето српски партии дејствуваат низ ограноците на партиите од Србија или Српскиот Национален Совет. Во меѓувреме во Белград се поставува прашањето колку инцидентите на пунктовите на УНМИК на Косово се навистина спонтани и дали насилните протести во Белград не се дел од сценариото на владата на Србија посебно партиите или групациите околу Премиерот Воислав Коштуница. Воениот аналитичар Александар Радиќ нема дилема. Вели сите граѓани, па и воените резервисти се политички инструмент на делот на владата собран околу премиерот Воислав Коштуница. Тие, вели Радиќ, очигледно ја користат ситуацијата, воспоставуваат измеслен ланец за да управуваат со настаните а потоа ги затвораат очите со што на некој начин се овозможуваат немирите.

„Тоа е опасно сценарио во кое државата Србија наместо да стоји зад секој потег кој се прави, одеднаш од сенка се влечат потези кои можат да имаат многу сериозни последици.“

вели воениот аналитичар од Белград Александар Радиќ.
XS
SM
MD
LG