Достапни линкови

logo-print

Медиумите најавуваат средба меѓу Атина и Скопје на која ќе присуствува и Кондолиза Рајс


Пораката од генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Схефер до македонскиот државен врв по вчерашната посета на претседателот Бранко Црвенковски на Брисел е дека името не е услов, но решете го до самитот, велат дипломатски извори. Високиот претставник за зедничка безбедносна и надворешна политика на европската унија Хавиер Солана изразил надеж дека очекува решение уште на средбата во Њујорк што е предвидена за утре. Со претставниците на НАТО не разговарано за детали од предлогот на Нимиц, поточно воопштоо не станало збор за формулата или името што би се договорило. Нивното барање, според диплоамтски извори е спорот со Грција да се реши, не е критериум за членство во Алијансата, но треба да се реши во претстојниот период до самитот на кој ке има проширување на оваа мегународна организација. Упатените толкуваат дека пораката е јасна, но од македонска страна само се укажува дека има црвени линии како што рече и претседателот Бранко Црвенковски што не може да се поминат.
Медиумите во земјава пак одат понатаму и велат дека државниот врв во својот предлог упатен до медијаторот Метју Нимиц не ги предвидува ниту имињата Независна и Демократска Република Македонија, што претходно беше усогласено и укажано дека се прифакаат. Потоа наведуваат дека не е исклучена можноста премиерот Никола Груевски пред почетокот на преговорите во Њујорк да се сретне со Нимиц. Овие наводи од владата категорично ги отфрлаат, велат не е предвидена средба на премерот со Нимиц, а во делот на прашањето за тоа дека Македонија ги отфрлила и двете имиња Независна или демокртаска, не коментираат. Грчките медиуми јавуваат дека Вашингтон планира средба мегу македонскиот и грчкиот премиер Груевски и Костас Карамнлис. Некои медиуми во земјава говорат за можно розево сценарио во Њујорк имено дека Нимиц ќе настапи со поволни предлози за Македонија. По ова најверојатно министрите за надворешни на македонија и Грција, Антонио Милошоски и Дора Бакојани ке потпишат договор во присуство на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, со што ќе се отвори патот за македонско евроатлантско интегрирање. Доколку ова не успее се најавува дека е можно во преговорите да се вклучат други дипломати и медиумите го споменуваат името на Ричард Холбрук.
XS
SM
MD
LG