Достапни линкови

Раководниот тим на училиштата, професорите и родителите се главна алка за спречување на тензиите


Максимална ангажираност на професорите, целосна вклученост на учениците во образовниот процес, нивно сплотување, а не нивна поделба по етничка линија. Ова се начините на кој што упатуваат вработените вклучени во образованието за спречување, на често меѓуетничките насилства меѓу младите: Вели професор Горица Илиоска претседател на Здружението на средни училишта.

„Значи само комуникација меѓу децата. Ние мораме да работиме на зголемување на чувството на припадност, кон училиштето, а со тоа и кон државата.“

По последните нереди на меѓуетничка основа меѓу ученици од две средни училишта што се случија во Струга, по што решението се најде во воведување на етнички смени, образовните работници коментираат дека тоа не е начин за надминување на проблемот. Директорот на средното Економско училиште во Тетово Исмаил Латиф, посочувајќи го како пример токму ова училиште истакнува:

„Јас често велам земете го како пример Економското улилиште во Тетово или било кое друго училиште во Тетово. Тука не се работи одделни смени македонци, одделни смени албанци, значи треба да се вклучат не само менаџментот на училиштето, туку и професорите и наставничките струкутури, па зошто да не се вклучат и родителските совети.“

Младите луѓе не се имуни на актуелните политички случувања, велат вработените во образованието. Токму една од причините за ескалација на меѓуетничките тензии меѓу нив се и севкупните општествени состојби. Токму затоа професор Илиоска посочува дека политиката мора да биде надвор од образованието.

“Децата неможат да ги решаваат проблемите на државата. Тие мора да бидат надвор од тоа.“

Образованието со процесот на децентрализација е во ингеренции на општините. За тоа како на ниво на локална самоуправа може да се делува за спречување на вакви ситуации, потпретседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски и градоначалник на општина Гази Баба, која не е имуна од вакви проблеми, истакнува:

„Значи со едукација, со разговори дека ако детето нема поддршка од дома и ако таму се прекорува за тоа што го прави, тензиите ќе се намалат во голема мерка.“

Во владата пак посочуваат дека преку активните мерки за унапредување на образовниот процес на кои велат се работи, ќе се постигне повеќе креативна, а не деструктивна атмосфера меѓу младите што е еден од начините за надминување на проблемите.
XS
SM
MD
LG