Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: САД, ОН, ЕУ и НАТО никогаш нема да дозволат поделба на Косово


Соединетите Држави, Обединетите нации, Европската Унија и НАТО никогаш нема да дозволат поделба на Косово, изјави американскиот државен потсекретар Николас Бернс во невладината организација Советот за меѓународни односи. ,,Ќе има мир на Балканот и само така може да напредуваме,, оцени тој, додавајќи дека е исклучена можноста за каков бил оружен судир во врска со косовската независност. Бернс повтори дека Соединетите држави сакаат да и бидат пријател на Србија и да и помогнат да стане членка на Европската Унија и на НАТО.
XS
SM
MD
LG