Достапни линкови

Рововска битка, не само за името туку и за идентитетот, оценуваат експертите


Пред средбата на македонскиот и грчкиот преговарач Никола Димитров и Адамантиос Василакис со медијаторот во спорот со името најавена за во петок надлежните во земјава велат македонскиот став е изграден, преостанува да се презентира јасно со што ке се укаже која е нашата позиција. Велат ке бидеме конструктивни, но имаме и црвени линии што не можеме да ги поминеме. Прашањето за името се споменува во сите разговори како за интегрирањето на Македонија во НАТО, така и за Европската унија. Додека претставниците на Унијата и на средбите вчера и денес со претседателот Бранко Црвенковски говорат за добрососедски односи при што го споменуваат и името или спорот со Грција, во Алијансата тоа беше забележано и во документ од пред околу два месеци. Во него, како што велат дипломатски извори, се констаира дека прашањето за името треба да се реши навреме, при што во документот не се оди понатаму со објаснување, наведување на термини.

Аналитичарите пак велат во вакви околности државниот врв досега треба да има јасна стратегија, но и тактика:

„Дефинитивно се наоѓаме во цајтнот. Не станува збор за некакво подготвување. Ако државниот врв до сега нема јасна не само стратегија, туку веќе станува збор за тактика околу тоа како ќе се однесува во однос на конкретниов предлог на Нимиц, тогаш за се друго е доцна,“

изјави Билјана Ванковска од Филозовскиот факултет во Скопје.
Според неа од особена важност е во понатамошните преговори да се обрне внимание на фактот дека не се разговара само за името, туку и за идентитетот:

>„Не се работи за преговори околу името или избор, лицитирање меѓу петте имиња, туку дефинитивно рововска е битката и многу суштинска во оние прикачени точки на оној анекс документ, кој прецизира начин на употреба на името, Македонија, Македонски и слично и тука е за нас најтешкиот проблем, во тие неколку точки, јас припаѓам на оние луѓе кои веруваат, дека постои замка,“

вели Ванковска.

Инаку во делот на имињата Нимиц во документот наведува пет Горна Република Македонија, Нова, Уставна, Независна и Демокртаска Република Македонија. За македонската стрната прифатливи се Независна и Демокртаска Република Македонија.
XS
SM
MD
LG