Достапни линкови

Скопје: Мирен протест против промената на уставното име


Под мотото „Македонија, Македонски, Македонци“, вечер на плоштадот „Пела“ во Скопје ќе се одржи мирен протест против промената на уставното име на Македонија. Според организаторите, причините за протестот се, како што рекоа „досегашните поразителни резултати од преговорите со Метју Нимиц“. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ги поддржува протестите и оти нив ги разбира како поддршка во заедничката борба за зачувување на уставното име. Убедени дека овој пат организаторот нема да дозволи поедини, можеби уфрлени групи, да фрлат дамка на настанот, како претходниот пат со промовирање вандализам, јавно се заблагодаруваме за поддршката во борбата за исполнување на заедничката цел, се вели во соопштението од оваа партија.
XS
SM
MD
LG