Достапни линкови

Скопје: Продолжува посетата на романскиот шеф на дипломатијата


Денеска продолжува посетата на романскиот министер за надворешни работи Адриан Чоројану на Република Македонија. Предвидено е тој да биде примен од претседателот на македонското Собрание Љубиша Георгиевски и од премиерот Никола Груевски, а ќе бидат потпишани протоколи за соработка во областа на образованието, за поттикнување и заемна заштита на инвестициите.
XS
SM
MD
LG