Достапни линкови

Граѓаните и економистите негодуваат


По новиот предлог на Нимиц за промената на името во кој како посебна точка спаѓа и промената на патните исправи граганите велат дека воопшто не сакаат да размислуваат за евентуалниот таков епилог од преговорите. Повеќето од нив сметаат дека неможат одново да ја поминуваат процедурата за вадење на нови лични и патни исправи

„Сега вадевме нови пасоши, пак ли да вадиме? Зошто? Со кои пари?“
„Тоа е голема работа.“
„Народот се плаќа.“


Од Министерството за внатрешни работи пак воопшто не сакаат да прогнозираат,бидејки како што велат од таму тие не учествуваат во преговорите за името.

Не само дека од таквиот епилог би биле повредени националните чувсвта на граганите туку тие би претрпеле и големи матријални штети, вели економистот Душан Вељковик.

„Тоа би биле огромни трошоци кои тешко може да се проценат. Практично во сите сфери треба да се направат измени кои се огромни издатоци, кои во најголема мера ќе паднат на товар на граѓаните. Меѓутоа иако јас зборувам како економист, не би сакал да размислувам за тие последици бидејќи суштинското прашање е дали Република Македонија и македонската нација ќе прифати да го изгуби својот идентитет со евентуална таква клаузула во Договорот со Грција.“

Анкетираните граѓани како и професорот Велкович воопшто не сакаат да помислат за можната промена на името.

„Македонија си била и ќе си остане.“
„Сметам дека не требаат разговори никакви за името. Ние имаме име, имаме устав, и не е важно што мисли Грција воопшто.“


Инаку за да ги исполни критериумите за укинување на визниот режим со Европската Унија државава од април минатата година започна со издавање на биометриски пасоши и лични карти. Овој проект државава ја чинеше околу 23 милиони евра.
XS
SM
MD
LG