Достапни линкови

Груевски непотребно го одложи спроверувањето на Рамковниот договор, оценка на експертите


Македонското интегрирање во ЕУ, НАТО, критериумите што треба да се исполнат, но и прашањето за името и Косово се теми на кои претседателот Бранко Црвенковски денеска и утре во Брисел разговара со комерсарот за проширување на унијата Оли Рен, високиот европски претставник за заедничка безбедносна и надворешна политика хавиер Солана, како и со генералниот секретар на НАТО Јааап де хоп Схефер. Според најавите ке се разгледуваат 8 критетриуми што Рен официјално ке ги претстави во земјава кон крајот на следната недела, се очекува да биде укажано дека датум за преговори ќе биде можен само во случај на исполнување на зацртнатите критериуми. Аналитичарите сметаат дека е несомнено оти во тој дел ќе влезе и барањето за спроведување на охридскиот договор

„ЕУ се разбира ќе побара од нашата земја ние да продолжиме со консеквентна реализација на Рамковниот договор, којшто за жал доби една непотребна екстензија во мајскиот договор, тоа токму поради противењето на Груевски да го спроведе до крај Рамковниот договор,“

изјави Ѓунер Исмаил од Форум Центарот за стратегиски истражувања.
Освен проширувањето на Унијата, ке се стави акцент на случувањата до самитот на Алијансата во Букурешт, при што од македонска страна ке се укаже дека се исполнети сите критериуми, а во овој дел се очекува да се отвори и прашањето за името при што став на Македонија е дека тоа е билатерално прашање кое не е критериум, а оти се прави се за конструктивни разговори и изнаоѓање на решение.
Косово исто така ке биде тема на разговорите. Унијата велат аналитичарите во оваа фаза не може да бара Македонија да го признае, туку повеќе е заинтересирана за односите

„Тоа не е врзано само со формалното признавање на независноста што е билатерално прашање меѓу Косово и Македонија, туку е врзано со функционирањето на целото стопанство таму, јавниот живот,“

изјави Димитар Мирчев од факултетот за општествени науки.

Она за што треба да се бара гаранција е реализација на планот на Ахтисари посебно за демаркација на границата, а поради фактот што со декларацијата за независност се вели дека овој план станува составен дел од поредокот на Косово:

„Присутната мисија на ЕУ на Косово асистира во забрзувањето на процедурите со коишто ќе се обезбедат гаранциите согласно планот на Ахтисари,“

вели Исмаил.
XS
SM
MD
LG