Достапни линкови

Граѓаните забораваат на економските маки


Во период кога вниманието на меѓународната јавност е свртено кон Балканот, повеќето граѓани признаваат дека забораваат на економските проблеми. Незначително е дали лебот е поскап или поефтин, ако не се чувствувам безбедно во својата држава, велат некои од анкетираните.

„Не е се мирно кај соседите или нема да е се мирно. Џабе ако не е мирно кај соседите, и да е бесплатен лебот, ќе ми изгледа скапо.“

Едностраното прогласување независност на Косово, по што следуваа протести во Србија, интензивирањето на грчко-македоснките преговори во спорот со името пред претстојниот самит на НАТО на кој Македонија очекува покана за членство, се само дел од настаните поради кои граѓаните заборавија на зголемените цени на лебот, млекото, зејтинот, парното греење:

„Ме натера тоа да заборавам на секојдневниот живот иако не е најдобар.“
„Мислам дека актуелно е сега со името, тоа е.“


Во услови кога надворешните фактори вршат силен притисок врз јавното мислење, таканаречените вообичаени проблеми кај луѓето како и да не постојат, објаснуваат социолозите:

„Се суспендирани сите реакции, настанува контузија на самата реакција, свесна без разлика дали доаѓа од граѓанската сфера или опозицијата. Никој нормален човек нема да реагира на поскапување од пет, десет или пеесет посто.“

објаснува проф. Илија Ацески од Филозовскиот факултет во Скопје

Но, бришењето на егзистенцијалните проблеми од колективната меморија е само моментална, оти кога не се решаваат, проблемите остануваат, посочува проф. Илија Ацески од Филозовскиот факултет.

„Тоа е краткорочно купување мир, бидејќи проблемите остануваат и за неколку месеци пак ќе се соочиме со суровата реалност, која во Македонија е веќе подолг период барем на економски план.“

Иако во овој период граѓаните се обидуваат да не мислат на цените кои во последните години неколкупати пораснаа, последните податоци од заводот за статистика не потсетуваат дека само за еден месец цената на производите во потрошувачката кошница се зголемила за 500 денари.
XS
SM
MD
LG