Достапни линкови

logo-print

Поддршка на Србија во време на нелегалната акција за независност на Косово


Рускиот вицепремиер Дмитриј Медведев и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров денеска во Белград се сретнаа со српскиот претседател Борис Тадиќ и со премиерот Воислав Коштуница. Приштина пак со големо внимание ги следи случувањата на Северно Косово. Според премиерот Хашим Тачи, целата територија на Косово е под контрола на Нато, Унмик и Косовската полиција.

Посетата на вице премиерот и најверојатно иден руски претседател Дмитриј Медведев и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград се реализира една недела по прогласувањето на независноста на Косово, која ја признаа повеќе западни земји, но е остро отфрлена од Москва и Белград.

„Главна цел на нашава кратка посета е изразување подршка на Србија во време на нелегална акција и унилатерална декларација за независност на Косово. Наша позиција е дека Србија е неделива и под нејзина јуридикција е целата територија.“

порача денеска во Белград Дмитриј Медведев. Евгениј Волк аналитичар на Херитаџ фондацијата во Москва вели дека покрај намерата за искажување солидарност со словенските браќа посетата на Медведев има има и внатрешно политичка цел

„Целта е да се демонстрира дека има континуитет на Руската надворешна политика и оти Медведев нема да ја промени политиката на Путин.“

Во посета на Србија, Медведев доаѓа и во својство на претседател на Советот на директори на Гаспром. На состаноците во Белград се разговараше и за изградбата на гасоводот „Јужен поток“ низ Србија. Имено, Русија и Србија на крајот од јануари потпишаа неколку значајни договори од сферата на енергетиката, а денеска делегациите на двете страни потпишаа и спогодба за изгрдаба на гасоводот за транзиот на природен гас од Русија преку Србија. Косовскиот премиер Хашим Тачи од друга страна изјави дека институциите на Косова со големо внимание следат што се случува на северот на Косово и во Северна Митровица. и дека секој дел од територијата на Косово е под целосна контрола на силите на Нато, полицијата на Умник и Косовската полициска служба.
XS
SM
MD
LG