Достапни линкови

Руска делегација во Белград предводена од вице премиерот Дмитриј Медведев


Рускиот вицепремиер Дмитриј Медведев и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров денеска во Белград се сретнаа со српскиот претседател Борис Тадиќ и со премиерот Воислав Коштуница. Приштина пак со големо внимание ги следи случувањата на Северно Косово. Според премиерот Хашим Тачи, целата територија на Косово е под контрола на Нато, Унмик и Косовската полиција.

Посетата на вице премиерот и најверојатно иден руски претседател Дмитриј Медведев и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград се реализира една недела по прогласувањето на независноста на Косово, која ја признаа повеќе западни земји, но е остро отфрлена од Москва и Белград. Во посета на Србија, Медведев доаѓа и во својство на претседател на Советот на директори на Гаспром. На состаноците во Белград се разговараше и за изградбата на гасоводот „Јужен поток“ низ Србија. Имено, Русија и Србија на крајот од јануари потпишаа неколку значајни договори од сферата на енергетиката. Косовскиот премиер Хашим Тачи од друга страна изјави дека институциите на Косова со големо внимание следат што се случува на северот на Косово и во Северна Митровица. Тачи, немирите во Србији ги нарече примитивни реакции кои не можат да се доведат во врска со српскиот народ кој живее на Косово.

„Косово е и нивна татковина. Сите права на малцинствата во афирмативна смисла ќе се почитуваа.“

изјави Тачи, додавајки дека тој ке биде со Србите, сметајки дека сите незадоволни брзо ке се адаптираат на позивитната и демократска реалност. Премиерот на Косово изјави и дека на целата територија на Косова посебно на северот внимателно се следи ситуацијата и дека секој дел од територијата на Косово е по целосна контрола на силите на Нато, полицијата на Умник и Косовската полициска служба.
XS
SM
MD
LG