Достапни линкови

logo-print

Недобивањето покана за НАТО би значело неизвесност за Македонија, оценка на експертите


Во наредните денови се очекува да продолжат преговорите со посредникот Метју Нимиц за спорот со уставното име мегу Македонија и Грција. Македонските претставници без официјална информација кога би продолжиле преговорите. Посредникот Нимиц на последната средба во Атина минатиот вторник кога и го достави предлогот им укажал на македонскиот и грчкиот преговарач, Никола Димитов и Адамантиос Василакис дека следната средба треба да се случи за десеттина дена, најдоцна две недели по што следи состанокот на НАТО на кој практично ќе се носои одлука за поканите за земјите членки на Јадранската група. Нимиц за грчките медиуми најавува дека најверојатно следната дестинација е Њујорк каде преговорите ќе продолжат на ниво на министри за надворешни работи.
Во меѓувреме во земјава и по изградениот официјален став аналитичарите разгледуваат повеќе аспекти поврзани со прашањето за името, меѓу кои и заканите за грчко вето за македонското евроатлантско интегрирање.

На прашањето што би значело ако Македонија не ја добие поканата за влез во Алијансата професорот Владо Поповски вели

„Тоа на прво место би значело една испуштена одлична шанса за Република Македонија конечно да се стабилизира, а приемот да претставува порака за зголемување на довербата кон Република Македонија и влез на капитал, создавање на мешовити претпријатија и сето тоа би ја вовело Република Македонија во друга состојба. Сето тоа би отпаднало и би останала неизвесност.“

Поповски додава дека неизвесноста ке продолжи, но оти не може да се
говори за сериозни безбедносни реперкусии. Некои експерти велат дека и да нема покана за НАТО, Македонија останува субјект на мегународната сцена

„За жал пристапот на македонското водство се граничи со идентитетот на државата и достигнувањето на целта влез во НАТО. Тоа не е така, Република Македонија е една етаблирана држава, на меѓународните карти и таа и понатаму продолжува да живее,“

изјави професор Стојан Кузев од Воената академија.

Професор Поповски укажува како Македонија треба да се однесува и во случај на недобивање на покана:

„Недвосмислено да се продолжи со кооперативноста на Република Македонија во мисиите на мирот и на тој начин да се покаже на членовите на НАТО дека Македонија го заслужувала влегувањето во НАТО.“

Според него во таква околност би се зголемил само притисокот врз Грција.
XS
SM
MD
LG