Достапни линкови

logo-print

Скопје: Државниот врв го дефинира ставот за предлогот на Нимиц околу името


На лидерската средба што се одржува во Клубот на пратениците државниот и полтичкиот врв треба да го дефинира ставот за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција околу употребата на уставното име на РМакедонија, што беше соопштен во Атина минатиот вторник. На Средбата што ја иницира премиерот Никола Груевски присуствуваат претседателот на државата Бранко Црвенковски,лидерите на најголмите партии од власта и од опозицијата и минситерот за надворешни работи Антонио Милошоски . Средбата е продолжение на состанокот во средата на која беше сугерирано дека Македонија треба да го продолжи дијалогот со Грција на начин кој ке биде најсоодветен за заштита на македонските државни интереси и одбрана на националниот и културен идентитет.
XS
SM
MD
LG