Достапни линкови

Љубљана: Почина поранешниот словенечки претседател Јанез Дрновшек


Поранешниот словенечки претседател Јанез Дрновшек почина на пеесет и седум годишна возраст, соопшти денеска неговиот кабинет. Во соопштението се наведува дека Дрновшек починал по повеќегодишна борба со канцерот. Тој беше премиер на Словенија од 1992 до 2002, кога беше избран за претседател на Словенија. Поради здравствени проблеми тој лани се повлече од активната политика и не се кандидираше за втор претседателски мандат. Во периодот од 1989 до 1991 година, Дрновшек беше и член на Претседатеството на поранешна Југославија.
XS
SM
MD
LG