Достапни линкови

Дополнителна поддршка пред Самитот, оценува Ѓорѓи Оровчанец


До каде е Македонија со спроведувањето на реформите за членство во НАТО? Ова е целта на денешната посета на шест члената делегација на Претставничкиот дом на САД во парламентарното собрание на НАТО. Посетата на оваа делегеција не е редовна, но присуството на претседавачот Џон Тенен сега непосредно пред Самитот во Букурешт може да се толкува и како знак за поддршка на Македонија за добивање покана за членство во НАТО посочува, Ѓорѓи Оровчанец, член на македонската парламентарна делегација во Парламентарното собрание на Аллијансата:

„Посетата не е невообичаена, но претпоставувам дека тоа е дополнителна поддршка во овој момент, непосредно пред Самитот, на нашите настојувања за добивање покана за НАТО.“

Според Оровчанец неизвесно е дали Македонија ќе добие покана за членство на претстојниот самит. Дел од реформите ги завршивме, но полемиката се јавува кога се во прашање политичките критериуми, посочува тој:

„Ние сме тука, на граница некаде. Значи, малку да ни се прогледа низ прсти дека сме ги завршиле, мислам дека не сме успеале до крај да ги дефинираме некои работи. Кога како професор би оценувал студент, би се двоумел дали да го пуштам или не.“

Делегацијата на Претставничкиот дом на САД претпладнево се сретна со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. А, најавено и дека ќе оствари средба со македонските војници кои учествувале во БИХ, Авганистан и Ирак.
XS
SM
MD
LG