Достапни линкови

Македонија сеуште без консензус за предлогот на Нимиц


Додека Грција синоќа излезе со официјален став дека грчката влада ги утврди своите ставови и предложи промени на предлогот на медијаторот Метју Нимиц, македонската страна сеуште без официјален став. И по вчерашната четири часовна средба на лидерите на четирите најголеми политички партии со претседателот Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски македонските политички претставници велат дека консултациите се во тек и дека ќе среди следба на шефот на државата и премиерот со парламентарните политички партии. Од државниот врв објаснуваат дека е потребно време за да се анализираат сите аспекти и евентуални последици врз Македонија, без притоа да се откриваат детали. Експертите сметаат дека Македонија треба да постапи како Грција во смисла на одговорот:

„Јас мислам дека ние треба да го направиме истото што го направиле Грците. Значи, во принцип да го прифатиме рамковно предлогот и да кажеме дека некои одредби и да кажеме точно кои одредби се апсолутно, а некои се релативно неприфатливи за нас и да предложиме контра одредби за тоа кои ќе бидат основа за преговорите што следат,“

изјави Љубомир Фрчковски, експерт по меѓународно право.

Во земјава се разговара главно за документот што се однесува на опфатот или користење на името што ќе се договори, а кое според македонската страна треба само да ја замени референцата ФИРОМ. Тема и е референдумот за кој говори премиерот Груевски. Експертите сметаат дека токму за ова е непотребна опција, која само ќе ги усложни работите:

„Комплетно неприфатливо решение, бидејќи сите излези од референдумот за нас се лоши. Позитивно значи дека ќе не вкопа, негативно значи дека Македонците имаат дилеми околу своето име, неуспешен исто така зборува негативно за нас. Ниту еден исход од рефрендумот не може да биде добар,“

вели Фрчковски.

Инаку, во делот на формулата, македонскиот државен врв единствен – прифатливи се само Независна или Демократска Република Македонија.
XS
SM
MD
LG