Достапни линкови

logo-print

Брисел: Растот во евро зоната во 2008 ќе биде помал и ќе изнесува 1,8 насто


Европската Комисија соопшти денеска дека економскиот раст во 15-те земји на евро-зоната, во 2008-ма, ќе изнесува 1,8 насто, наместо претходно предвидените 2,2 насто. Како главни причини за намалувањето на растот се наведуваат турбуленциите на финансиските пазари, слабата американска економија и рекордните цени на нафтата. Инфлацијата ќе изнесува 2,6 насто наместо предвидените 2,1 насто, опради растот на цените на храната и енергијата.
XS
SM
MD
LG