Достапни линкови

Хашките случаи ќе предизвикаат криза во власта, оценуваат експертите


Четирите хашки случаи најверојатно денеска ќе бидат доставени до јавниот обвинител кој ќе одлучи за натамошниот тек на постапката, вели министерот за правда Михајло Маневски. Засега нема информации во каква форма се вратени предметите, односно дали за нив се водела истрага во Хаг и каквио докази доставиле хашките истражители.

„Јавното обвинителство на Република Македонија понтаму ќе одлучи за натамошниот тек на постапката. Во која фаза се наоѓа постапката, дали се наоѓа во фаза на истрага, дали во фаза на обвнинување, значи согласно законот за соработка со Хашкиот трибунал предметите се враќаат на органите во кои се води постапката.“

Работиме во согласност со законите и ние сме должни на барање на Хашкиот трибунал да ги прифатиме предметите што ни ги доставија. Не постои рок во рамките на кои треба да заврши истрагата за случаите, вели Маневски. Министерот не очекува политички тензии во земјата, имајќи го предвид инсистирањето на партиите на Албанците и за овие дела да се примени законот за амнестија:

„Ние политика не водиме, ние ги примаме предметите, ги отстапивме по барање на Хашкиот трибунал, не постапуваме политички, туку нашата работа како орган е да постапуваме по предметите, значи тоа е јавниот обвинител и надлежните судови.“

За разлика од мислењето на властите, експертите со став дека враѓањето на хашките случаи ќе предизвика меѓуетнички тензии. Проф. Мирјана Малевска од Штуловиот Универзитет очекува политичка криза во власта.

„Прашање е колку судството е во состојба да биде независно и непристрастно. Понатаму, законот за амнестија, кој како го толкува, некој смета дека треба директно да бидат амнестирани, другата страна дека треба да се оди на судски процес, така што мислам дека ќе има проблеми со Хашките случаи и најверојатно ќе предизвика и политичка криза во власта.“

За случаите киднапирани Македонци и малтретирани работници во Македонија веќе имаше истрага. Сепак за тоа дали ќе има судска завршница на тие, но и на другите два предмети, Липковската брана и раководството на ОНА, ќе се одлучи дури откаско ќе се отворат предметите, велат од министерството за правда.
XS
SM
MD
LG