Достапни линкови

Демократска или Независна Република Македонија прифатливи варијанти за Македонија од петте предлози


Нова Република Македонија, Горна, Уставна, Демокртаска и Независна Републиак Мкаедонија се предлозите што ги содржи документот на Метју Нимитц доставен до двете страни, македонската и грчката, информираат дипломатски извори. Истите извори говорејки за македонската позицијата велат дека за земјава прифатливи за разгледување се варијантите Демократска Република Македонија или Независна Република Македонија. Имињата кои содржат географска или временска одредница се неприфатливи за Македонија, велат дипломатски извори.

Кога станува збор за опфатот или каде би се користело ваквото име, истите извори укажуваат дека за македонската страна тоа би значело, употреба во билатерални односи со Грција и во мегународните организации каде членка е оваа наша соседна земја. Дипломатски извори појаснуваат дека ваквото име и неговата употреба би била замена за референцата поранешна југословеска република македонија.
Сите останати предлози што сугерираат промена на пасошите односно, вклучување на ваквото име во овие документи како исправи за мегународна употреба, потоа другите држави да разгледаат употребата на ова име и за билатералните односи се неприфатливи.
Доколку се процени дека има шанси за разрешување на спорот со овие два прифатливи за македонската страна предлози, тогаш тие би оделе на референдум. Целта е објаснуваат дипломатските извори да се изгради консензус за овие два прифатливи за Македонија предлози прво кај политичите претставници, а потоа за нив да се изјаснат и граганите.

Како што наведуваат истите извори медијаторот Нимиц им посочил на македонскиот и грчкиот преговарач, Никола Димитров и Адамантиос Василакис за одговорот од нивните влади треба да го информираат за десеттина дена. Дипломатите укажуваат дека станува збор за тој период поради фактот што треба да се има појасна ситуација до 6 март кога е состанокот на високи претставници на НАТО кога ке се носи одлуката дали Македонија ке добие покана.

Ваквата македонска позиција по овој документ на Нимиц, поточно по прифатливите предлози за името за билатералнните односи со Грција и за мегународните организации не подразбира промена на Уставот.
Според најавите официјалниот став на македонската страна може да се очекува по денешната средба на лидерите на четири најголеми партии на политичката сцена на која ке присуствува и претседалот Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG