Достапни линкови

logo-print

Анкара: Зголемување на правата на немуслиманските малцинства за поседување имот во Турција


Турскиот Парламент го усвои законот со кој треба да се зголемат правата на немуслиманските малцинства за поседување на имот во Турција. Европската унија подолг период бараше од Анкара да ја имплементира оваа реформа, која ќе овозможи враќање на конфискуваниот имот на христијанското и еврејското малцинство во Турција. Оваа реформа Парламентот првпат ја изгласа во ноември 2006 година, но тогашниот турски претседател Ахмед Неџет Сезер наложи вето за овој закон.
XS
SM
MD
LG