Достапни линкови

Секоја земја од Западен Балкан ќе се оценува според сопствените заслуги за укинување на визите


Македонија денеска го почна дијалогот за укинување на визниот систем со евроспката унија. На почетокот на преговорите во македонскта влада на која покрај потрпеседателпт на Евроспката комисија Франко Фратини присутвува и речиси сите амбасадори на земјите члленки на еврсопакта унија премиерот Груевски изјави дека ке се залгаат да ги завршат сите потребни реформи до крајот на оваа година

„Очекуваме до крајот на годинава дијалогот да заврши и од почетокот на следната година да го спроведеме укинувањето на визите за македонските граѓани. Македонија успешно ги исполнува техничките критериуми за целосна либерализација на визниот режим и е лидер во регионот во оваа сфера.“

Во насока на позитвните работи поради кои македонските гарагни би терабале да патуваат без визи Груевски додаде дека Македонија не преставува имиграциона или безбедна закана за унијата:

„На листите на кои се прикажани земјите на потекло на нелегелните мигранти или баратели на азил во ЕУ, Македонија или ја нема или е на самото дно.“

Потпретседалот Фратини пак потсети дека особено е важно земјава да ги заврши потребните реформи:

„Не сметам, дами и господа, господине премиер, дека западно балканските земји се еден пакет, сметам дека секоја земја треба да се оценува на основа на сопствените заслуги и убеден сум дека во скор рок подготвеното решение и план ќе и помогне на вашата земја да ги фокусира своите напори во извршувањето на неопходните реформи.“

Тој и со коментра за вчерашното потпишување на договорот за безвизен систем мегу Македонија и Албанија

„Ги поддржуваме скорешните одлуки кои беа усвоени од вашите органи и органите на Република Албанија за склучување билатерален договор за укинување на визите. Укинувањето на визната обврска е голем чекор кој осигурува дека локалниот режим за преминување на границите ќе го олесни движењето на лицата меѓу двете држави и ќе овозможи потесна регионална соработка.“

Инаку денеска е отворн и визниот центар кој е една од обврските кои треба да ги ипслони македонија за безвиден режим.
XS
SM
MD
LG