Достапни линкови

logo-print

Она што е негативно во предлогот категорично ќе го отфрлиме, тоа што е позитивно ќе прифатиме


Македонскиот државен врв ден по презентирање на предлогот на медијаторот метју нимиц за решавање на спорот со Грција за уставното име не открива детали. Премиерот Никола Груевски денеска изјави:

„Она кон што одиме и она што е исто така мое мислење е дека се што е негативно во овој предлог ние нема да го прифатиме и категорично ќе го одбиеме. Се што е позитивно во предлогот ние ќе прифатиме и ќе објасниме што е позитивно, а што негативно за нас. Значи, она што е спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија можете да очекувате дека нема да биде прифатено.“

Со предлогот на Нимиц како што информираше премиерот ке бидат запознаени и останатите политички претставници. Во текот на денот дополнително ќе следат консултации, премиерот ќе ги информира коалициските партии, претседателот Бранко Црвенковски ќе ги информира опозициските партии, а на утрешната лидерска средба ставовите сублимирано ќе ги презентира премиерот. На оваа средба поканет е и шефот на државата.

Груевски и во оваа прилика истакна дека за името немаат право да одлучуваат само политичарите

„На Република Македонија уставното име, во било која варијанта може да се одлучува исклучиво на ниво на граѓани, а не на ниво на политичари, затоа што името не ниту мое, ниту на Бранко Цвенковски, ниту на Радмила Шеќеринска, ниту на Антонио Милошоски, ниту на Никола Димитров, на никој.“

Грчките медиуми денеска јавуваат дека се предлагаат пет варијанти на сложено име кое ке ја замени референцата БЈРМ. Се говори за Нова Република Македонија или Република Нова Македодонија, Република Македонија на кирилица и име од видот Демократска или Народна или Независна Република Македонија.

Во контекст на синоќешните протести кои од плоштадот се префрлија пред амбасада на Грција и демонстрантите го каменуваа објектот Груевски со осуда за начинот на кој се укажауваше дека треба да се задржи уставното име:

„Ги разбирам младите луѓе што вчера излегоа да демонстрираат. Ги разбирам нивните чувства, повреденоста која што ја чувствуваат со притисоците да биде променето нашето уставно име, меѓутоа не можам да оправдам каменувања или насилство и од тој аспект, може да се каже дека и јас би го осудил тоа,“

изјави премиерот.
XS
SM
MD
LG