Достапни линкови

Почнуваат преговорите за укинување на визниот режим со ЕУ


Македонија денеска ги почнува преговорите за укинување на визниот режим со европската унија. Потпреседателот на Европската комисија Франко Фратини кој престојува во дводенвена посета на Скопје и премиерот Никола Грусвеки со отварањето на визниот центар и со официјалното означување на почетокот на дијалгот ке ја одбележат оваа нова фаза. Портпаролот на министертвото за надворешни работи Васко Андоновски вели дека покрај тоа што овие два настани ги сметаат за важни , битна е и понатамошната динамика на преговорите

„Веќе следната недела на 26 февруари во Брисел следува средба меѓу нашите експертски тимови и тимот на ЕУ со што ќе биде интензивиран натамошниот тек на преговорите за целосна либерализација и укинување на визите.“

Од МНР не сакаа да прогнозираат кога би завршиле преговорите и македонските грагани би патувале слободно низ Европските земји. Засегашнато визно олеснување кое стапи во сила од почетокот на годинава не ги даде очекуваните резултати бидејки не се спроведува во целост. Олеснувањето кое е наменето за одредени групи на грагани како што се жалат тие не се почитува во сите амбасади. И Агнеза Руси одговорна во министертвото за соработаката со европската унија вчера изјави дека се информирани за поплаките од граганите и дека официјално реагираат до конзулите на земјите членки на унијата кои не го почитуваат договорот. Инаку особено внимание кај нас предизвика почетокот на преговорите за укинување на визниот режим со Србија. Пред речиси еден месец во Белград Фратини ги почна преговорите со кои според неговата изјава српските грагани би можеле да патуваат без визи во 2009 година.Тогаш кај нас тоа беше коментирано како политички потег на Брисел пред српксите претседателски избори со кои сака да му даде подршка на либералот Тадик. Кај нас денеска Фратини кој допатува заедно со министерот за внатрешни работи на Словенија Драгутин Мате ке се сретне и со претседателот Бранко Црвенсковски, со вицепремирот Габрила Коневска Трајковска и со министрите Јанкуловска, Милошоски и Маневски.
XS
SM
MD
LG