Достапни линкови

logo-print

Софија: Вице премирот Зоран Ставревски во посета на Бугарија


Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески денеска ќе престојува во работна посета на Бугарија. За време на средбите со членови на бугарската влада, ќе се разгледаат потенцијалите за унапредување на соработката во областа на енергетиката и транспортот. Посебно ќе се разработат можностите за изградба на гасоводниот крак од Петрич до Струмица, на далноводот за пренос на електрична енергија меѓу Штип и Црвена Могила, како и транспортното поврзување на Македонија и Бугарија преку Коридорот 8.
XS
SM
MD
LG