Достапни линкови

Скопје: Потпретседателот на ЕК Франко Фратини во посета на Македонија


Потпретседателот на Европската комисија Франко Фратини придружуван од Драгутин Мате министер за внатрешни работи на Словенија, како земја претседавач со Унијата, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Предвидено е Фратини да се сретне со претседателот Бранко Црвенковски, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерот за европски прашања Габриела Коневска-Трајковска, како и со министрите за надворешни работи, за внатрешни работи и за правда Антонио Милошоски, Гордана Јанкулоска и Михајло Маневски. Целта на посетата е официјалното означување на почетокот на дијалогот за либерализација на визниот режим меѓу Република Македонија и Европската унија. Фратини ќе присуствува и на свеченото отворање на Визниот центар на Република Македонија во Министерството за Надворешни Работи.
XS
SM
MD
LG