Достапни линкови

Очекуваме дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО, заклучија учесниците


Очекуваме и се надеваме дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО, на претстојниот самит во Букурешт. Ова е заедничкиот заклучок од тридневната конференција НАТО-Букурешт и потоа, на која присуствуваа претседателите на комисиите за надворешни работи и одбрана на земјите членки на НАТО.

„Целосно ги поддржуваме Македонија, Албанија и Хрвтаска да станат членки на НАТО. Убедени сме дека сите триу земји ги задоволуваат условите. Не прифаќаме поставување на никакви дополнителни услови за Македонија. Навистина е време да станете членки на оваа организација, затоа што целиот регион ја очекува таа порака.“

рече Золтан Немет, претставник на Унгарскиот парламент.

„Би сакал уште еднаш да нагласам дека ние ги поддржуваме сите ваши напори за добивање покана за членство во Букурешт.“

рече претставникот на полскиот парламент.
Унгарија, Холандија и Полска изразија уверување дека ратификацијата на приемот на земјава во НАТО ќе следи во најбрз можен рок. Се разбира дека секоја држава има посебни уставни и законски процедури и од секоја држава поединечно ќе зависи колкав ќе биде периодот на ратификација. Дека Македонија е подготвена за влез во Алијансата потврди и Брус Џексон, претседател на Проектот за транснационални демократии.

„Мојата организација ја поддржува поканата за членство на Македонија во Нато на самитот во Букурешт и нема да и помогнам на другата страна која е против тоа.“

изјави Џексон.
НАТО членството за земјите од Јадранската група ќе ја прошири зоната на мирот и сигурноста на Балканот, се согласија учесниците на конференцијата.
Ако Македонија, Албанија и Хрватска влезат во НАТО тоа ќе биде многу позитивна порака за западниот Балкан дека луѓето кои живеат тука имаат европска перспектива на овој регион, беше речено на крајот од конференцијата.
XS
SM
MD
LG