Достапни линкови

Вашингтон во врска со Косово, тесно се консултирал со Русија


Американскиот претседател Џорџ Буш оцени денеска дека независноста на Косово ќе донесе мир на Балканот. Тој и со забелешката дека Вашингтон, во врска со Косово, тесно се консултирал со Русија и со другите европски земји.

,,Соединетите држави ја поддржуваат независноста на Косово, бидејќи веруваме дека че донесе мир на Балканот,, оцени американскиот претседател Џорџ Буш во Дар ес Салам, каде што се наоѓа на турнеја по неколку африкански земји. Според него, сега е најбитно меѓународната заедница да му помогне на Косово. Тој притоа ги повика властите во Приштина да ги почитуваат правата на неалбанското население на Косово. Во врска со противењето на Русија да ја признае независноста на Косово, претседателот Буш изјави дека Вашингтон бил во тесни консултации со русите:

Тесно соработувавме со русите и со другите европски земји на независноста на Косово, бидејќи сметаме дека тоа е најдобриот начин. Постои несогласување со Мсоква, но ние веруваме, како и повеќето други држави, дека историјата ќе покаже оти тоа било исправна мерка за воспоставување мир на Балканот.

Изјави Џорџ Буш кој претходно со писмо го извести косовскиот претседател Фатмир Сејдиу дека Вашингтон го признава Косово како независна и суверена држава. Инаку, несогласувањата меѓу Русија и западните земји околу Косово, според еврокомесарот Хавриер Солана, тешко ќе бидат надминати, но оти немаат да претставуваат натамошно оптоварување на односите меѓу двете страни:

Постои, како што знаете, несогласување за ситуацијата во Западен Балкан. Би сакале да имаме договор во Советот за безбедност, но тоа не е можно. Сепак, ова не значи дополнителни проблеми во нашите односи со Русија.

Изјави еврокомесарот за надворешна политика Хавиер Солана по состанокот на шефовите на дипломатиите на Европската Унија во Брисел.
XS
SM
MD
LG