Достапни линкови

Во Белград и српските области на Косово се одржаа протести


Соединетите Држави и официјално го признаа Косово согласно донесената декларација за независност, соопшти денеска американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Претходно веднаш по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, и главните европски земји Велика Британија, Франција, Германија и Италија се изјаснија позитивно околу признавањето на независноста на Косово. Но, и покрај позитивното изјаснување на главните европски земји, Шпанија, Грција, Словачка, Романија засега се противат на едностраното прогласување независност на Косово. Инаку официјалниот заклучок од денешниот состанок на европските министри е дека ,,Европската Унија е единствена околу независноста на Косово и покрај тоа што земјите членки индивидуално ќе донесуваат одлука за признавањето.,, ЕУ уште еднаш го положи тестот на единството и ги усвоивме заклучоците, за кои имаме заеднички став, рече министерот за надворешни работи на Словенија Димитриј Рупел, на прес конференцијата во Брисел. Словенечкиот министер Рупел по состанокот исто така порача:

„Советот на министри на ЕУ ги повикува Белград и Приштина да ги почитуваат претходните заложби за воздржување од секакви активности или изјави кои што би можеле да ја загрозат безбдноста ситуација.“

И додека веќе се множат земјите кои го признаваат Косово. Авганистан ќе се вбори во оние кои први ја признаа неговата независност. Во Кабул портпаролот на авганистанското министерство за надворешни работи Султан Ахмед Бахин изјави:

,,Исламската Република Авганистан ја респектира вољата на граѓаните на Косово за независност и официјално го признава Косово“

Во меѓувреме по барање на Русија чиј парламент го осуди едностраното прогласување независност на Косово, за вечерва е најавена седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се обрати и српскиот претседател Борис Тадиќ. На вонредна седница за потврдување на претходно донесената одлука на Владата за поништување на еднострано прогласената независност на Косово, вечерва треба да се состане и српското Собрание. Инаку против независноста на Косово денеска се одржаа протести во повеќе области на Косово каде живеат срби. Протести има и во Белрад, а се јавува дека имало нереди. Демонстрации беа оддржани и во повеќе други градови низ Србија, како и во соседна Република Српска.
XS
SM
MD
LG