Достапни линкови

Македонија треба да биде членка на НАТО, истакнаа учесниците


Македонија треба да биде членка на НАТО, а токму претстојниот период или оваа 2008 е клучна за Алијансата од една страна поради проширувањето, а од друга одржување на безбедноста во регионот во контекст ан Косово, истакнаа учесниците на конференциајта во Скопје НАТО – Букурешт и потоа кои укажааа дека оваа организација ја има и клучната улога во зачувување на мирот и стабилност во Европа и пошироко.

Регионот не смее да се остави надвор од Алиајнсата, а Македониај се залага за поинтензиван а соработка

„Длабоко верувам дека со поканата за членство на Македонија, Хрватска и Албанија, НАТО Алијансата уште еднаш ќе ја потврди својата историска улога и ќе обезбеди траен мир во регионот. Ова е до толку поважно, доколку е важна ситуацијата на Косово, кое сеуште не се граничи со ниту една членка на НАТО,“

рече првиот човек на Собранието Љубиша Георгиевски.

Премиерот Никлола Груевски истакна дека претстојниот период е особено важен за Македонија и регионот.

„Деновиве сме исправени пред единствената можност за постигнување трајна консолидација на стабилноста на Балканот со која ќе започне комплетирањето на целосната безбедносна архитектура на Европа. Истовремено, инегративните процеси на земјите на Балканот и неговата целосна интеграција во НАТО неопходно е што поскоро до крај да бидат спроведени, како круцијален трансформациски ефект врз безбедноста на регионот и Европа. Процесот на проширување на Алијансата мора да продолжи со упатување покани во Букурешт до трите земји, Македонија, Албанија и Хрватска,“

рече Груевски кој додаде дека нема сомнение дека Македонија ја заслужува поканата за НАТО. Тој ги повика земјите членки на Алијансата да ја поддржат земјава во нејзините напори.

Дека следниот самит во Букурешт ќе биде важен потенцираче и Ален бергант амбасадор на Словенија чија земја е претседавач со унијата, а чија амбасада во Скопје е контакт за НАТО

„Словенија верува дека воспоставување на стабилноста во регионот е многу важна, и дека во таа насока санмитот во Букурешт ке биде самит на проширување. Се надеваме дека сите земји членки на јадраската група ке добија покани и цврство веруваме дека ова ке иам позитвно влијание врз регионот,“

рече Бергант.
XS
SM
MD
LG